fbpx
6 мин. читање

Fujifilm X-T30: Alatech Преглед

Исто моќен колку X-T3, само во покомпактен и полесен пакет.

$899.00

Alatech Rating

8.6

Fujifilm X-T30: Дизајн
Web Designer 90%
Fujifilm X-T30: Перформанси
Web Designer 85%
Fujifilm X-T30: Карактеристики
Web Designer 85%
Fujifilm X-T30: Квалитет на фотографии
Web Designer 90%
Fujifilm X-T30: Батерија
Web Designer 90%

За брендот Fujifilm, намалувањето на феноменалниот Х-Т3 во помал пакет секогаш беше одлично решение кое беше позитивно прифатено од корисниците. Веќе неколку години, компанијата го проследува својот најдобар модел со фотоапарат без огледало кој е многу подобра и полесна опција за пренесување, како и многу поевтина, а која сепак нуди голем дел од најдобрите карактеристики и способности од поголемиот модел. Оваа поевтина серија на Fujifilm е всушност најпопуларната линија на фотоапарати на компанијата. Станува збор за Х-Т20, претставен во 2017 кој веднаш стана најпродаваниот фотоапарат на компанијата на сите времиња. Веќе го имаме и наследникот.

Со цена од $899, Fujifilm Х-Т30 ги има некои од најимпресивните карактеристики од поголемиот Х-Т3 фотоапарат во мал пакет кој чини цели $600 помалку! Со оглед на тоа што Х-Т3 е далеку познат како најдобриот Fujifilm фотоапарат, веќе сигурно имате претстава за каков фотоапарат станува збор за овој модел. Го има истиот 26.1-мегапикселен APS-C сензор, истата процесирачка моќ, брзото фотографирање и многу друго. Овој фотоапарат може да снима неверојатни 4К видеа и е несомнено една од неговите појаки страни. Без повеќе одолговлекување, да преминеме кон Alatech прегледот на еден од најатрактивните фотоапарати кои набргу ќе можете да ги пронајдете во продавниците.

PROS

  • Ист сензор како Х-Т3 со многу пониска цена
  • Одличен ауто-фокус и способности за брзо фотографирање
  • Компактен и лесен
  • Солидни 4К видеа

CONS

  • Веројатно премногу мал за луѓе со големи дланки
  • Нема заштита од лоши временски услови
  • Визирот е подобрен од Х-Т20, но далеку од Х-Т3
  • Прилично лошо времетраење на батеријата

Можеби добивате солидни карактеристики и способности и воедно заштедувате стотици долари, но овој фотоапарат има и свои лоши страни кои секако дека не смеете да ги игнорирате. За почеток, фотоапаратот не е заштитен од лоши временски услови и неговиот електричен визир не е толку импресивен и остар како оној на Х-Т3. Но, овие недостатоци се причината за пониската цена. Сепак, во оваа категорија на фотоапарати без огледало, тешко дека ќе најдете некој подобар модел со поубава цена од Х-Т30.

Ова е далеку покомпактен и полесен фотоапарат од Х-Т3. Тежи помалку од половина килограм во споредба со 600-грамскиот познат фотоапарат. Во поглед на големината, Х-Т30 е премногу мал за голем број на луѓе, особенo оние кои се навикнати на користење поголеми фотоапарати. Помалите димензии значат дека ќе треба да го држите фотоапаратот на сосема друг начин од оној на кој сте навикнати од стариот фотоапарат, но не е невозможно. За камера со вакви карактеристики, смешно е што овие замерки кои се всушност најголеми ги споменуваме. Но, сепак, сакаме да Ве предупредиме доколку имате големи дланки да барате друг модел, бидејќи овој не би Ви бил многу удобен за користење.

Fujifilm Х-Т30 изгледа идентично на Х-Т20. Ја има истата брзина на фотографирање, иста експозура и исти модули за фотографирање. Го немате копчето за повикување на ISO модификациите како на поголемиот Х-Т3, но затоа е лесно да го повикате со предните и задните копчиња за инстантни поставувања. Исто така има и мал сокриен блиц, кој не е нешто што го добивате со поголемите фотоапарати на Fujifilm. Модулот Advanced SR (scene recognition) Auto Mode е исто така иновација кој се вклучува со притискање на копчето за прилагодување на брзината на фотографирање.

Четири-насочниот “d-pad“ е целосно отстранет и е заменет со осум-насочен џојстик за autofocus кој ќе Ви овозможи олесната навигација низ менито на фотоапаратот. Копчето Q (за брз пристап до основните поставки) е исто така малку репозиционирано. Некои корисници се жалат дека лесно се притиска случајно. Fujifilm ги намали димензиите на 3-инчниот екран на допир, кој сеуште артикулира вертикално, но не се преклопува целосно за да гледа напред и да се користи за влогирање. Исто како со Х-Т3, користењето на екранот на допир за брзо поместување на точката на фокусирање кога се гледа преку визирот е одлично искуство.

Има 2.5mm приклучок за слушалки помеѓу другите портови, но доколку сакате да снимате звук при снимање на видео, потребни ќе Ви бидат или USB-C слушалки или да користите USB-C-во-3.5mm адаптерче. Fujifilm поддржува USB 3.1 и со тоа Ви дозволува целосна функционалност кога ќе приклучите екстерна батерија или полнач, дури и кога батеријата е целосно празна. Слотот за SD картичка се наоѓа десно до слотот за батеријата.

Од Fujifilm велат дека визирот на Х-Т30 е посветол од оној на Х-Т20 и дека е многу поодговорен со лаг од само 0.005 секунди и подобар рејт на освежување од 100 рамки во секунди. Последното важи само кога фотоапаратот е во “Boost mode” кој ја троши батеријата со неверојатна брзина. Дури и со сите тие подобрувања, Х-Т30 сеуште не е добар како EVF (електричен визир) на Х-Т3. За почеток, помал е и со помала магнификација и оваа разлика е очигледна само ако ги имате двата фотоапарати достапни за споредба. Во поглед на резолуцијата, поскапиот фотоапарат е далеку подобар со 3.69 милиони точки наспроти 2.36 милиони точки. За крај, Х-Т3 има поголема чашка за окото кое е далеку подобро, особено за луѓе кои носат очила.

Како што напоменавме погоре, Х-Т30 има дури подобри способности за автоматско фокусирање од Х-Т3. Двете камери можат да детектираат лица во рамка, но Х-Т30 всушност ќе Ви овозможи да изберете кое лице сакате да биде Вашиот примарен предмет. Исто така може да детектира и да се заклучи на лица кои се помали (подалеку).

Во поглед на способности за видео снимки, Х-Т30 е малку пониска класа од Х-Т3. Иако прави одлични 4К видео снимки, Ве ограничува на 10-минути клип. Можеби и не е огромна рестрикција, бидејќи во спротивен случај, фотоапаратот би загрејал. Професионални видеографери секако дека би го избрале поголемиот и подобриот фотоапарат за видеа, бидејќи прави поквалитетни видеа и нема временско ограничување. Но, Х-Т30 не е воопшто лош и е способен да снима 8-битни 4:2:0 видеа директно на SD картичката или 10-бит 4:2:2 видеа на екстерен уред за зачувување податоци. Ова овозможува голема флексибилност за пост-процесирање, но доколку не сте професионалец, Eterna филтерот за бои на Fujifilm придонесува за природни видеа кои лесно се подесуваат.

Како и секогаш, JPEG фотографиите од X-T30 изгледаат одлично (погледнете галерија погоре). Сите познати филм симулации од Fujifilm се вклучени и е интересно да се истестираат и да заклучите кои работат најдобро за Вас во одредени сценарија, без разлика дали сакате вибрантни и живи бои, темни црно и бело фотографии или нешто со помеки тонови. Компанијата неодамна лансира редизајнирана мобилна апликација за iOS, но сеуште постои простор за подобрување во поглед на брзина и елиминација на непотребни чекори. Wi-Fi поврзувањето помеѓу фотоапаратот со телефон е стабилна и испраќањето фотографии на телефонот за брз Instagram пост е одлична опција. Ова заедно со безжичното фотографирање преку bluetooth се единствените работи што може да ги правите со оваа апликација.

Х-Т30 доаѓа во неколку различни конфигурации. Нашата препорака е фотоапаратот да го земете заедно со одличната 35mm f/2 prime леќа на Fujifilm. Исто како и фотоапаратот, оваа леќа е дизајнирана да биде лесна и компактна. Можеби во својата класа Х-Т30 има голема конкуренција, особено од Sony, но овој фотоапарат нуди многу солидни карактеристики, вклучувајќи некои од карактеристиките на поголемиот и поскапиот фотоапарат од Fujifilm.

Преземено: TheVerge

loading...

Овој веб сајт користи "колачиња" (cookies) за да го подобри Вашето искуство. Со самото користење на веб сајтот Вие се согласувате со нашата Политика на Колачиња. Прифаќам Повеќе

error: Содржината е заштитена!