fbpx
5 мин. читање

OnePlus 7: Alatech Преглед

Дизајниран да Ве натера да сакате да го купите OnePlus 7 Pro.

€560.00

Alatech Rating

8.9

OnePlus 7: Дизајн
Web Designer 95%
OnePlus 7: Перформанси
Web Designer 90%
OnePlus 7: Карактеристики
Web Designer 85%
OnePlus 7: Камера
Web Designer 80%
OnePlus 7: Батерија
Web Designer 95%

OnePlus 7 е најновиот телефон во линијата на OnePlus. Овој телефон секако дека ни носи новости во споредба со својот претходник, , но всушност, во кратки црти, ова е 6Т со Snapdragon 855 процесор и 48-мегапикселна камера. Стратегијата на компанијата е иста како на Apple: обид за форсирање up-sale на постарите модели за понови, но не толку поразлични од оние кои ги имаат.

Можеби ова звучи како жалење, но секако дека не е. 6Т беше најбрзиот Android телефон кој можевте да го имате, сè до пристигањето на 7-ката. Претходникот имаше изрез со разумна големина и потенки рамки околу екранот од оние на iPhone XЅ Max. Но, овие компромиси компанијата ги направи помалку прифатливи со сокривањето на селфи камерата во механички pop-up модул. За среќа, ниту една од добрите работи кои беа на 6Т не се отстранети од OnePlus 7.

PROS

  • Добра ергономија за еден голем телефон
  • Совршени перформанси
  • Одличен дисплеј
  • Солидно времетраење на батеријата

CONS

  • Нема безжично полнење
  • Не е водоотпорен
  • Има голема конкуренција (Google Pixel 3A)
  • Огледален финиш кој e лош за скенерот за отпечаток од прст

Од поглед на наивен купувач, OnePlus 7 е одличен. Чини помалку од повеќето луксузни и скапи телефони, а работи беспрекорно добро и изгледа навистина луксузно. Со цена од €560 за основната 6GB верзија и €609 за 8GB/256GB верзијата, ова е идеалниот телефон за неинформиран корисник.

Ова е класичен врвен телефон со буџетна цена на OnePlus, по што и е познат брендот. Доколку не сакате да знаете повеќе од тоа дали станува збор за добар телефон за таа цена или не, да, тоа е OnePlus 7 дефинитивно, но доколку сакате да знаете повеќе, продолжете со читање на овој преглед.

OnePlus 7 има добра вредност за својата цена, особено ако го споредите со поевтиниот Pixel 3A или 3A XL. Погледнете во спецификациите и ќе забележите дека ова е еден од најевтините модели кои го имаат Snapdragon 855 процесорот, а доаѓа и со 2GB повеќе RAM од телефонот на Google, има поголем 6.41-инчен екран и Pixel-от има ограничена меморија од 64GB без опција да се надгради.

Иако OnePlus 7 го има речиси истиот дизајн од 2018 со мали промени, Pixel 3A и 3A XL се моделите кои изгледаат потполно исто како минатите модели. Ова ни кажува дека OnePlus имаат работено повеќе на дизајнот отколку конкурентот, па затоа и резултатите се очигледно подобри. Доколку купувате телефон за подарок или избирате само по изглед, верувам дека 90% би го избрале OnePlus 7.

OnePlus 7 има побрзи перформанси од Pixel телефоните. Звучникот и дисплејот се подобри, иако и двете компании имаат вградено добри звучници и дисплеи. Една точка во која Pixel 3A несомнено победува е тоа што има приклучок за слушалки. Но, камерата е дефинитивно поглед во кој овие два телефони не се споредуваат. Познатите Pixel камери се неверојатно добри и иако доаѓаат по цена на побавна работи и поголеми рамки, овие камери вредат. Не дека OnePlus има вградено лоша камера, 48-мегапиксели Sony сензор кој прави фотографии со 12-мегапиксели квалитет, но едноставно Pixel камерата е неверојатно добра за правење портрет фотографии.

Pixel телефоните имаат уште неколку предности. Иако 3A XL и OnePlus 7 имаат батерии со ист капацитет од 3.700mAh и 1080р екран, помалиот Pixel екран ја троши батеријата многу побавно. Pixel 3А е исто така полесен бидејќи е изработен од пластика, што за повеќето корисници на денешниот пазар ова би можело да биде неприфатливо.

OnePlus 7 има една особено фрустрирачка карактеристика, а тоа е камерата која се појавува од врвот на телефонот. Многу поизразена е од било кој друг модел со ваков тип на селфи камера и тоа не изгледа многу софистицирано. Голем, тенок додаток што се појавува од никаде на една мазна и прекрасна форма го уништува целиот дизајн на OnePlus 7.

OnePlus 7 е премногу лесен во споредба со другите телефони од својата класа, а сепак има врвен процесор кој е идеален за играње на најтешките игри. Резолуцијата од 1080р исто така оди во прилог за гејмерските способности на овој телефон, помагајќи во одржувањето на добро времетраење на батеријата преку непреоптеретување на графичката плоча. Има исти гејмерски способности како Razer телефонот, но не е толку прилагоден за играње игри како него.

Нашиот севкупен впечаток за OnePlus 7 е дека е само OnePlus 7 Pro Lite. Pro верзијата има 90Hz екран, што не е толку пријатен за очи, но е попрецизен. Доаѓа со 30W Warp полнач, а OnePlus 7 доаѓа со истиот почнач како кога се продаваше OnePlus 3T. И иако двата телефони имаат 48-мегапиксели сензор и UltraShot технологија за камерата, 7 Pro има поширока апертура на главната камера, ултраширока и телефото камера, и способност да прави подобри фотографии. Од естетичка гледна точка, 7 Pro доаѓа во прекрасната мат сина боја и наскоро во бадем варијанта, додека пак 7 доаѓа во огледална црна варијанта. Баш како што кажавме на почетокот: OnePlus 7 се чини дека e дизајниран исклучиво да Ве натера да сакате да го купите OnePlus 7 Pro.

Има само две главни точки во кои OnePlus 7 особено нѝ се допаѓа настрана од тоа што е поубав и подобар во поглед на перформанси од претходникот. Првата точка е големината, бидејќи сепак спаѓа во категоријата на големи телефони, а не се класифицира како огромен и тежок за управување како што го класифицираат OnePlus 7 Pro. Втората точка е отстранувањето на заоблените страни на екранот. OnePlus 7 сеуште има таканаречено 2.5D Gorilla GLass, но тоа служи само за омекнување на самите рабови, за разлика од 7 Pro каде што рабовите го прават невозможно држењето и ракувањето на уредот без да притиснете нешто по грешка на екранот.

Се чини дека OnePlus имаат инвестирано најмногу време за дизајнирање на 7 Pro, и потоа одлучиле да намалат сè за да се смести во шасијата на OnePlus 6T. Резултатите се одлични. Нашиот заклучок е дека OnePlus 7 е телефон во чие користење ќе уживаат повеќето корисници.

Преземено: TheVerge

loading...

Овој веб сајт користи "колачиња" (cookies) за да го подобри Вашето искуство. Со самото користење на веб сајтот Вие се согласувате со нашата Политика на Колачиња. Прифаќам Повеќе

error: Содржината е заштитена!