fbpx
6 мин. читање

Samsung Galaxy S10: Alatech Преглед

Galaxy S10 Plus е еден од најдобрите телефони за 2019​

€1,000.00

Alatech Rating

9.3

Samsung Galaxy S10: Дизајн
Web Designer 90%
Samsung Galaxy S10: Перформанси
Web Designer 100%
Samsung Galaxy S10: Карактеристики
Web Designer 85%
Samsung Galaxy S10: Камера
Web Designer 90%
Samsung Galaxy S10: Батерија
Web Designer 100%
6 мин. читање

Во целина, овој преглед ги опфаќа и двата модели: Galaxy S10 и S10+.

За многу луѓе, во светот на смартфоните постојат само два играчи: Samsung Galaxy и Apple iPhone. И реално, нема големи шанси дека луѓето ќе одберат некој друг бренд покрај овие два. Samsung доминира на не-iPhone пазарот насекаде во светот.

Значи не е изненадувачки што светот на технологијата запира секогаш кога Samsung прави рефреш на својата S серија.

Повторно доминантна позиција заземаат хардверот, дисплејот, спецификациите и карактеристиките. Ова е едноставно “easy-buy” опција за оние кои не сакаат многу да се вознемируваат со детални прегледи на својот следен телефон.

Pros

  • Најдобар дисплеј на пазарот моментално
  • Топ спецификации
  • Полн со корисни хардвер и софтвер карактеристики
  • Забавна тројна камера
  • 3.5mm jack

Cons

  • Сензорот за отисоци е полош од претходниот модел
  • Системот бара додатни tweaks за да се извлече најдоброто од него
  • Времето за да се наполни е позади конкуренцијата

Galaxy S10: Хадвер, дизајн и дисплеј

Samsung итерира со својот концепт за дизајн уште од Galaxy S6, бавно менувајќи ги пропорциите, издолжувајќи ги рабовите и зголемувајќи ја големината на секој нареден телефон. 

Не можете да го обвинувате Samsung за добро изработениот дизајн. Galaxy S10 и S10+ што ги користев за овој преглед, се два прекрасно дизајнирани телефони. Клучната тема на истите е “чистата ефикасност”: таков хардвер, такви спецификации и толку многу моќност, склопени во толку мал предмет, најдобро што може. 

Импресивно е тоа што со овој телефон ги добивате сите карактеристики од порано. Слот за microSD картичка, веднаш до слотот за SIM. На USB-C портот за полнење му се придружува 3.5mm jack за слушалки. Стерео звучници. Комплименти за Samsung што одлучи да ги стандардизира овие елементи.

Единствената маана во овој прекрасен дизајн се проблеми со користењето поради ненадејни допирања на екранот. Ова е првиот заоблен “Infinity Display” екран со кој Samsung има проблеми. Според мене ова е поради мала количина на метал од страните, што допринесува случајно допирање на екранот. 

Доколку би требало да изберам телефон кој би го имал само поради дисплејот, тоа би бил Galaxy S10.

Она што ќе Ве остави без зборови кај овој нов flagship на Samsung, е дефинитивно Super AMOLED екранот. Земете го 6.1-инчниот S10, или 6.4-инчниот S10+, не е важно, ќе останете без зборови – дисплејот е едноставно прекрасен и конкурентите можат само да го бркаат од доста голема дистанца.

Galaxy S10: Ултра-соничен сензор за отисоци

Ќе бидам брз: ултра-соничниот сензор е подобар од оптичките што ги имам користено претходно (во главно OnePlus 6T), но не е толку брз, прецизен и лесен за користење во споредба со стандардните капацитивни сензори.

Galaxy S10: Камера

Galaxy S10 се потпира на истата телефото камера на Galaxy S9+, и мораме да земеме во предвид дека главниот сензор не е променет од Galaxy S8, а телефото сензорот од Note 8. Во превод тоа значи 12-мегапикселен “Dual Pixel” сензор позади секоја леќа, со променлива апертура од f/1.7 или f/2.4 на главната леќа, и f/2.4 на телефото леќата. Фино, но не и ново.

Galaxy S10: Софтвер и перформанси

Galaxy S10 го носи најновиот софтвер на Samsung, One UI. Ова е досега најдобрата верзија од Android што Samsung ја има направено. Многу надоградувања од минатите генерации се направени во однос на користењето и леснотијата на користењето, со поголеми копчиња и поедноставни линии. Искуството е елегантно, конзистентно, модерно и полно со новитети. 

Единствено нешто што би сакал Samsung да го имаше направено е подобрување на почетниот екран. Се чини дека тој е бил во blind-spot кога Samsung го развивал новиот оперативен систем. Се чувствува како да е уште заостанат во минатото, за разлика со остатокот од софтверот.

Перформансите на софтверот на Galaxy S10 се врвни.

Покрај дизајнот, перформансите на Galaxy S10 се беспрекорни. Со новиот Snapdragon 855 процесор, Samsung одигра добар потег со стандардизирањето на 8GB RAM меморија и на S10 и на S10+, но и 6-те гигабајти на S10е не се покажаа лошо. 

Galaxy S10: Батерија

Samsung го зголеми капацитетот на батериите и на Galaxy S10 и на S10+, што е и тоа како важно кај помалиот модел. Додека го вршев тест периодот на Galaxy S10+, батеријата се покажа одлична, што дури се искачува скалило погоре од Note 9. Телефонот едноставно не сакаше да се испразни, без оглед на задачите што му ги давав. Многу tethering, камера, Google Maps навигација, screen on time и многу друго – не е важно, не се празни.

За време на екстремно долги денови, што типично претставува убиство за батеријата, бев прилично импресиониран од S10+. Го вклучив уште рано наутро кога излегов од дома, го користев до и на аеродромот, на долгиот лет(за жал со малку спиење), и на следниот аеродром и лет, што всушност поминав 18 часа без батеријата да се симне под 10%. Тоа се речиси 5 часа screen-on, цело време слушање музика на Spotify, “always-on-display” активен. Едноставно импресивно.

Батеријата на S10+ е навистина издржлива; и S10 би требало да ги задоволи потребите на обичен корисник без проблем.

Galaxy S10: Преглед

Samsung, уште еднаш, претстави два неверојатни телефони. Galaxy S9 и S9+ беа исто така одлични, но разликите се гледаат помеѓу старата и новата генерација. Камерите се стандардизирани на двата модели, а новата леќа со широк агол малку потешко се користи. Екраните се без сомнеж најсилната алка на овој модел. Батеријата е исто така подобрена, особено на S10+. Овој модел на Samsung, според мене, е досега најдобриот кога би ја земале во предвид целосната слика на уредот: софтвер, хардвер и конзистентни перформанси. 

Преземано: androidcentral

loading...

Овој веб сајт користи "колачиња" (cookies) за да го подобри Вашето искуство. Со самото користење на веб сајтот Вие се согласувате со нашата Политика на Колачиња. Прифаќам Повеќе

error: Содржината е заштитена!